Сигурен сум дека мојата чесна и одговорна работа беше факт кој придонесе за добивање на повторна кандидатура на овие локални избори. Тоа го согледа мојата политичка партија ВМРО ДПМНЕ, тоа го согледа Претседателот Груевски, а тоа сигурен сум дека и жителите на Општина Дебрца не само што го согледаа туку и ќе го потврдат на 15 октомври, изјави на денешната прес конференција, кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ за општина Дебрца, Игор Трајкоски.
– Денес со мојот тим и советничката листа на ВМРО ДПМНЕ со кренати глави стоиме пред вас и бараме уште еднаш да ја покажете вашата доверба кон нас. А таа доверба ја бараме врз основа на се она што го имаме направено за Општина Дебрца, а верувајте ќе направиме уште повеќе. Денес ќе го разгледаме нашето дејствување во однос на образованието во општина Дебрца. Затоа Ве молам потсетете се само пред 4 години на што се базираше образовниот циклус и во какви услови се обвиваше истиот. Кога говорам сакам тоа да биде потврдено со факти и фотодокументација, рече Трајкоски.
Тој потсети на дел од реализираните проекти, меѓу кои: изграденото монтажно основно училиште во Волино, реконструираните основни училишта во Требеништа, Оровник и Лешани.
При тоа ги најави и дел од проектите кои е предвидено да бидат реализирани. Меѓу нив: Партерно уредување на дворот на училишната зграда и изградба на игралиште за Баскет во Оровник, Партерно уредување на дворот на училишната зграда и поставување на систем за парно греење во Требеништа, Волино –Реконструкција на стара училишна зграда, Мешеишта- Партерно уредување на дворот на училишната зграда и поставување на систем за ценрално греење, Ботун- Реконструкција на училишна зграда, Белчишта- Промена на системот за греење и замена на столарија, Лешани- Партерно уредување на дворот на училишната зграда и Изградба на Спортска сала во склоп на училиштето, Велмеј- Реконструкција на училишна зграда, Издеглавје- Реконструкција на училишна зграда. Предвидено е и општината да ги стипендира најдобрите 20 ученици, како и да изврши опремување на училишта и училишни кабинети.
OhridNews