ВМРО ДПМНЕ практицира, ветување, реализација, отчетност, а токму ваквата пракса е кристално јасна и видлива во изминативе четири години. Нашите ветувања ќе продолжат, но докажавме дека тоа никогаш не биле празни зборови, туку зборови кои преминале во реализирани проекти, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ за општина Дебрца, Игор Трајкоски.
– За развојот на Дебрца неопходно е во секој сегмент во секое село да се спроведат ветените проекти, ние започнавме од основните и најпотребните и ќе продолжиме. Ќе продолжиме со уште посилно темпо бидејќи тоа им го должиме на нашите сожители, рече Трајкоски.
Трајкоски потсети на досега реализираните проекти за партерно уредување на делови од општината. Меѓу нив, реконструираните извори во Велмеј, Чешма во село Лешани, партерно уредување на спомен обележјето на Трајче Дојчиноски и спомен чешмата во Село Белчишта, партерно уредување на просторот околу Изворите „Долни Исток“, и воденицата во село Велмеј, како и на изградбата на видиковци во местата Сини Вирој и Требенишко езеро, каде се поставени маси со клупи за одмор, корпи за отпадоци, информативни табли, паркинг за велосипеди, патоказни табли за информирање на повеќе локации во општината
Трајкоски презентира и проекти од новата Програма од областа на партерното уредување.
– Со овие проекти ќе се добијат убаво уредени места каде ќе може населението да се релаксира, разговара и да го поминува слободното време, рече кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ.
Ги истакна проектите за изградба на плоштади во селата, Оровник, Горенци, Мешеишта, Требеништа, Волино, Ботун, Злести, Белчишта, Лешани и Велмеј, за Партерно уредување на речни корита во населените места Белчишта, Злести, Климештани и Волино, како и проектот за Изградба на Видиковци и Пешачка патека за локалитет Сини Вирој,с.Белчишта.
OhridNews