Македонија не води никакви тајни преговори со ММФ, изјави денеска во Охрид министерот Трајко Славевски, одговарајќи на новинарско прашање за написите во колумна објавена во денешен „Утрински весник“.

„Го прочитав тоа и не можев да си поверувам себе си дека читам една таква шпелулација, но после разбрав дека е објавена на 1-ви април, па ја сфатив како првоаприлска шега. Преговори со ММФ се водат или во Вашингтон или во Скопје. Ниту владата патувала за Вашингтон во овој период ниту некој од Вашингтон дошов во посета на Р. Македонија“, рече Славевски

Во врска со наводните најавиа  за покачување на каматните стапки на кредитите од страна на комерцијалните банки Славевски рече дека, тоа е деловна политика на банките.

“Високите цени не значат дека ве водат кон успех кон високи профити. Сетете се дека некои од банките објавија многу симпатични профити во 2008 година и мое мислење е ако сакаат и понатаму да останат со заработувачки во 2009 година треба добро да размислат дали ќе ги зголмуваат цените на своите производи“, истакна Славевски.

Министерот ги коментираше и податоците на Државниот завод за статистика за платите во Македонија. „За мене најпријатно изнендаување е што во јануари кога на историски ниско ниво има паднато процентот на вработени во РМ на кои што не им биле исплатени плати за месецот. Тоа е над 2%. Јас се сеќавам дека пред година две процентот беше двоцифрен некаде 14% и за само еден месец во споредба  со декември минатата година е опаднат за четири процентни поени. Тоа значи дека сите кои се занимаваат со бизнис разбрале дека ако се  во бизнисот треба редовно да ги исплаќаат платите, рече Славевски.

Ohridnews