Трајче Атанасовски е првиот Македонец градоначалник во државата Викторија – Австралија. Имено, Атанасовски беше избран за градоначалник на општината Бринбанк, втора по големина во Мелбурн, со што влезе во историјата како прв македонец кој станал градоначалник во Австралија.
Трајче Атанасовски-прв градоначалник Македонец во Австралија
Во општината која ќе ја раководат 11 советници има уште еден Македонец. Младиот д-р Роберт Бозиновски постигна успех на локалните избори и е вториот советник од македонско потекло.
Изборот на Трајче Атанасовски за градоначалник на општината Бринбанк е од големо значење за македонската заедница и императив за поголема заложба во иднина повеќе македонци да се вклучат во политичкиот живот на Австралија со што ќе имаат поголемо влијание во остварувањето на македонските уинтереси.