На 59-тата седница на Советот на Општина Охрид советниците го потврдија престанокот на мандатот на советничката од СДСМ, Билјана Балазоска поради неспоивост со функцијата вработен во општинската администрација.

Советниците денеска го верификуваа и мандатот на Трајан Маркоски од редовите на оваа партија.

„Можам да придонесам во креирањето на фискалната политика, даночната сфера, како и во другите области кои се однесуваат на прибирањето на јавните давачки, а  се разбира, ќе се залагам и во другите сфери кои се од интерес на граѓаните “, изјави новиот советник по потпишувањето на свечената изјава.

Трајан Марковски од септември годинава е пензионер, а  долги години беше вработен во Управата за јавни приходи.

Ohridnews