Едно лице го загуби животот во сообраќајна незгода што денес во 17 часот и 20 минути се случи на магистралниот пат Кичево-Охрид во близина на патот за селото Годивје. Од повредите здобиени поради превртување на патничко возило починал Лазо Н.роден (43) од селото Издеглавје. Тој го управувал возилото Застава 101 и во еден момент изгубил контрола и излетал од патот.
На местото на сообраќајната незгода извршен е увид а по наредба на Јавен обвинител утре ќе биде извршена обдукција врз телото на сега починатиот како и вештачење над патничкото моторно возило Застава 101.