Хокеарот на Едмонтон Оилерс, Колби Кејв почина во болница во Торонто. Тој пред 4 дена бил опериран од циста во мозокот и по операцијата се наоѓал во индуктивна кома. Здравствената состојба наместо да се подобри се влошила и обидите на докторите за враќање во живот на Кејв не вродиле со плод и починал.

Кејв ја играл четвртата сезона во НХЛ лигата, а освен за Едмонтон, настапувал и за Бостон Бруинс. Во кариерата одиграл 67 меча на позиција центар.

Со голема тага ве известуваме дека нашиот Колби Кејв утринава почина. Им благодариме на сите за молитвте во овие тешки моменти. – се вели од Оилерс на официјалниот сајт.

По повод трагедијата се огласи и најдобриот хокеар на сите времиња, Вејн Грецки.

Колби беше одличен хокеар и уште подобар човек, но тоа што е уште поважно, целиот негов живот беше пред него. Моментно во мислите ми е само тој и неговото семејство, неговата сопруга Емили, се молам за нив. – рече Грецки.

OhridNews