Дванаесет лица, меѓу кои единаесет девојчиња загинаа во пожар кој избувнал во Дом за ученици во јужната турска провинција Адана, пренесуваат светските агенции, повикувајќи се на информации од властите во Турција. Меѓу загинатите е и една жена, која била вработена во домот.
Во пожарот повредени биле најмалку 22 лица.
Пожарот во домот за средношколци најверојатно бил предизвикан од дефект на електрична инсталација.
OhridNews