Трагедија во кампот на фудбалскиот клуб Јувентус предизвика одложување на фудбалскиот меч од Серија Б, меѓу „Старата дама“ и Чезена што требаше да се одигра на “Деле Алпи“.
Двајца младинци на клубот се удавија за време на тренингот во малото езеро што се наоѓа во тренинг центарот на Јувентус во близина на Торино.
Седумнаесетгодишните Алесио Фарамоска и Рикардо Нери се удавиле при обид да извадат топка од езерото.Телата на удавените од ледената вода ги извадила противпожарна бригада.
Трагедијата го одложи натпреварот Јувентус-Чезена кој ќе се одигра во 2007 година.