Две девојчиња загинаа од удар на гром во српскиот град Александровац, јавува „Блиц“. Истиот извор наведува дека трагичниот настан се случил околу 17.50 часот во момент кога девојчињата се враќале дома од базен. Громот удрил директно во нив, при што на лице место загинала Анџела Б., додека Ивана И. починала во болница откако лекарите час и половина се обидувале да ја реанимираат.

Во тек е истрага дали во моментот на несреќата девојчињата користеле мобилен телефон.

OhridNews