Најмалку 13 деца и едно возрасно лице кои престојувале во летен камп се удавиле во неделата во северозападна Русија, кога во невреме се превртил мал брод, објавија руските власти, пренесува “Макфакс’“.
Несреќата се случила во кампот на „Парк хотелот Сјамозеро“ во републиката Карелија, кога две бротчиња и еден гумен чамец со вкупно 47 деца и четiри возрасни лица инструктори, биле зафатени од бура. Досега се спасени 36 лице.
Според досегашните сознанија, децата главно на возраст меѓу 12 и 15 години од посиромашни семејства, не носеле појаси за спасување, а најмалку десет од настраданите се деца од Москва.
Истрагата е насочена кон тоа кој дозволил, бидејќи не станувало збор за организирана туристичка партија, и дали сите биле обезбедени со опрема за спасување, и како бил планиран излетот.
Од руската агенција за туризам објавија дека децата биле опремени со опрема за спасување, но непознато е зошто е игнорирано предупредувањето за невреме кое на сила било од петокот.
OhridNews