Во големата трагедија што  се случи во близина на машка плажа во Струга   околу 13:30ч.  денеска се удавиле момче и девојка.

Како што соопшти полицијата Есма Велија (1991) од тетовското село Палатица и Азби Исмаили (1989) од Теарце  се возеле со  педалинка во близина на машката плажа во Струга, која во еден момент се превртела. Девојката починала на самото место, а момчето е пренесено во Медицинскиот центар во Струга, каде што подоцна починало. 

На местото на несреќата увид вршат  екипи на полицијата и истражен судија.

ohridnews