На фудбалски меч во Кавадарци почина 18 годишното момче (М.В). Сега веќе починатото момче се обидело да влезе во игра и при прескокнувањето на оградата паднало што последиците биле фатални јави Дневник, а пренесува Канал 5.


  Не давало никакви знаци на живот. Веднаш била повикана брзата помош која констатирала дека момчето не дише и не е при свест. Биле направени обиди да се реанимира со срцева масажа и соодветни медикаменти. Кај нас беше донесено без сознание и без спонтано дишење. Само со една слаба срцева функција. Околу 50 минути траеше реанимацијата од стручна екипа од неколку доктори при што беа преземени и сите неопходни мерки и дадени потребните лекарства. Но за жал момчето почина. Всушност се работеше за клиничка смрт и ние направивме обиди да се врати во живот. Причните за смртта дополнително ќе се  знаат. Ја известивме полицијата за случајот, а по наредба на истражен судија врз телото ќе се изврши обдукција – изјавија за Дневник дежурните лекари во кавадаречката општа болница.

Истражниот судија во Кавадарци побара на телото да се направи обдукција, а полицијата најави расветлување на трагичниот настан.

Ohrid News