Потресувачки вести со човечки загуби доаѓаат од Турција. Клупскиот мини бус од Аланијаспорт во кој се наоѓале фудбалерите се превртел и излетал од патот.

Последиците се фатални по животот на чешкиот репрезентативец Јозев Сурал кој починал во болница, а шест негови соиграчи се задржани со тешки телесни повреди.

Трагичната информација ја потврди клубот и како причина за несреќата наведе заспивање на шоферот кој го управувал мини бусот.

Мини бусот бил изнајмен од клубот, а ги враќал фудбалерите од гостувањето кај Кајсери. Мечот завршил без победник 1-1.

OhridNews