Еден од најдобрите кошаркари на Лос Анџелес Лејкерс и НБА лигата, Коби Брајант, трагично го загуби животот откако се срушил неговиот приватен хеликоптер.
Според америнските медиуми во хеликоптер имало уште четири лица и никој не преживеал.
Веднаш после несреќата на лице место стигнале спасувачки служби, но било предоцна затоа што никој од патниците не давал знаци на живот.
41-годишниот кошаркар во својата кариера освои пет шампионски титули во НБА лигата.
OhridNews