Англиската Премиер лига и целата земја ја потресе голема трагедија, откако животот го загуби првиот човек на Лестер, Вишаи Шривадханапрабха и уште четири луѓе кои беа заедно во хеликоптерот кој се сруши пред стадионот веднаш после полетувањето.

Трагичната вест ја потврди Лестер кој пред три сезони беше најголемо изненадување освојувајќи ја титулата во Премиер лигата токму на чело со Вишаи. Хеликоптерот со кој се превезуваше претседателот на Лестер полетал вообичаено од средината на стадионот, а падна на паркингот. Фудбалерите на Лестер кои се уште биле на стадионот дотрчале одма, а веќе на лице место имало полиција и пожарна служба која поради големиот пламен не биле можност да реагираат. Во хеликоптерот се наоѓале уште една девојка, еден претставник од клубот и двајцата пилоти кои исто така загинаа.

Лестер во просториите на клубот ќе отвори книга на жалост, а сите мечеви кои „лисиците“ требаше да се одиграат оваа недела се одложени. Вечерашниот дуел помеѓу Тотенхем – Манчестер Сити ќе започне со едноминутно молчење.

OhridNews