Трагична вест ја зави во црно фудбалската јавност во Србија. Младиот фудбалер Млаѓан Јовичинац од школата на ОФК Белград ја загуби битката со тешката болест-рак на коските и почина на 17 години.

Јовичинац се пожалил на болки во летниот период минатата година и од тогаш не се појавил на тренинг. Борбата со болеста била жестока, но нажалост безуспешна затоа што младиот фудбалер почина.

ОФК Белград упати сочуство до фамилијата, а фудбалската јавност во Србија се збогува со фудбалерот кој прерано замина од овој свет.

OhridNews