Голманот на Порто Алфредо Кинтана не ја издржа битката и почина во болнички услови, неколку денови после претрпениот срцев удар на тренинг.
Тажната вест ја соопшти Порто, кој со шок и неверување се обрати до спортската јавност.
Кинтана кој е соиграч на македонскиот репрезентативен голман Митревски имаше 33 години и последниве години беше стандарден член на португалската селекција.
Порто поради претрпениот стрес кај играчите и стручниот штаб одлучи да ги прекине сите активности и да се повлече од активните клупски натпреварување.
OhridNews