Тешка сообраќајна несреќа се случи ноќеска во 01,40 часот, на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, на крстосницата за комплексот „Инекс“, во која учествувале патнички возила: „Цитроен Ц3“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.К.(27) од Битола, „Голф“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.А.(23), од охридското село Лескоец и „Фолксваген Пасат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(26) од прилепското село Мало Коњаре.

Трагедија на патот Охрид – Св. Наум (фото: ТППЕ Охрид)

Од здобиените тешки телесни повреди, И.К. во болницата „Св.Еразмо“ им подлегнал на повредите. Со тешки телесни повреди се здобиле и сопатниците во истото возило: М.С.(27) од Битола и И.М.(23) од Струга, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде биле пренесени и уште едно лице од Битола, кое е пренесено во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Сопатничката во истото возило Д.Р.(25) од Скопје, се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. Во истата болница за укажување на лекарска помош е пренесена и Б.Р.(23) од Охрид, сопатник во возилото „Голф“, додека по укажана лекарска помош, на домашно лекување се пуштени возачот на „Голф“ А.А. и сопатникот Б.К.(24) од Охрид.

На местото на незгодата увид извршија Јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи.

OhridNews