29-годишниот Александар Гавриловски од Пробиштип е 61-та жртва од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, потврди денеска министерот за здравство Арбен Таравари.
Денеска почина и вториот пациент кој престојуваше во Литванија. Гавриловски беше во критична сосојба уште од почетокот. Од Општата градска болница беше упатен во Литванија на 17 март. Неговата состојба беше тешка уште од почеток, но од 4 април се влоши, од вчера беше на хемодијализа и за жал, денеска во 11 часот почина. Ова е втор пациент од 193 што се третираат во странство и во нашата држава кој почина, изјави Таравари.
Информираше дека уште двајца пациенти се во критична состојба. Во болниците надвор од државата се лекуваат во моментов 66 пациенти, додека во Македонија 10.
Останатите пациенти освен двајцата кои се во критична состојба, засега се во стабилна состојба. Се надеваме дека нема да имаме други лоши вести. Александар имаше 35 отсто изгореници од трет степен, изгореници и во дишните патишта, еден од потешко повредените, според Таравари.
Инаку, минатата недела почина и управителот на дискотеката Александар Карадаковски, кој исто така се лекуваше во Литванија.
Н.С.Ј.