Денеска околу 11 часот и 50 минути загинаа 14 лица при уривање на стариот дел од настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, Република Србија, го цитира „Блиц“ министерот за внатрешни равботи Ивица Дачиќ.
На местото на настанот веднаш се испратени огромен број амбулантни возила, полиција и пожарникари, а според последните официјални информации 14 лица загинале под тежината на повеќетонската конструкција која се урна. Има и голем број повредени, а спасени се една 20-годишна девојка и една жена по повеќе од четири и пол часа поминати под урнатините.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ изрази сочувство за трагичниот настан во Нови Сада.
Во име на сите граѓани на нашата земја изразувам сочувство до семејствата и роднините на загинатите во несреќата во Нови Сад, рече претседателот.
Утре е ден на жалост во Србија
Г.М.