Инцидентот се случил во местото Велика Иванча, кога три кучиња кои имале сопственик, излегле од дворот преку отворена врата и нападнале маж и жена кои поминувале во близина.
Мажот, познатиот новинар и аналитичар Владан Радосављевиќ (62) искрварел на лице место, додека неговата сопруга со тешки повреди е пренесена на клиниката во Белград, јави Танјуг, пренесува Блиц.
Истиот извор прецизира дека дел од кучињата кои на себе имале околувратници биле од расата стафорд. Едното било чиста раса стафорд, другото било микс од стафорд и питбул, а третото непозната раса. Сите три се наоѓаат во Ветеринарниот институт во Белград, пишува Танјуг.
OhridNews