Од ЕВН Македонија информираат дека во регионот на Прилеп, Гостивар, Тетово, Велес,Кочани,  Струга, Кичево, Дебар, Штип, Струмица и Охрид силниот ветер, влажниот снег и обилните дождови викендов предизвикаа кинење на проводниците и прекини во снабдувањето со електрична енергија.

– Екипите на ЕВН Македонија отстранија поголем дел од дефектите и денеска работат на санирање на дефектите во населените места кои се наоѓаат на повисоките планински предели и во поплавените подрачја. Се работи на отстранување на дефектите во неколку села во прилепскиот, штипскиот, кочанскиот, струшкиот, охридскиот, ресенскиот и кичевскиот регион. Во градот Кичево и околните населени места се нормализира снабдувањето со електрична енерегија откако екипите на МЕПСО го одстранија дефектот на 110 кВ далекувод Битола – Сопотница – Кичево. Екипите на ЕВН предходно ги оспособија 35 киловолтните врски од Македонски Брод и Осломеј, за градот да не остане без напојување подолг период. Екипите на ЕВН се на терен работат на отстранување помалите дефекти во околните кичевски села, велат од компанијата.
 
Дел од трафостаниците во поплавените подрачја се без напон за да не предизвикаат поголеми штети и несакани последици. Откако нивото на водата ќе се намали и ќе се создадат услови за интервенции ќе се работи на отклонување на дефектите. До тогаш корисниците ќе бидат поврзувани на алтернативни напојни точки.
 
Екипите на ЕВН Македонија ќе останат на терен се додека не се воспостави нормално снабдување за сите корисници.

OhridNews