Капетанот на грчки траект морал да го заврти бродот и да се врати во пристаништето откако го заборавил Вториот офицер. Бродот каснел 10 минути.


– Офицерот слегол од бродот за да ги предаде потребните документи во пристаништето, а траектот испловил без него – рекол портпаролот на министерството за трговска морнарица.

Во текот на туристичката сезона во Грција, се случувале и други непријатности поврзани со траектите. Стотина патници морале со сати да чекаат бидејќи траектот останал без гориво.