Победникот во дисциплинта трискок на првиот атлетски митинг во Охрид , романецот Марјан Опреа беше еден од најзаслужните во триумфот на репрезентацијата на Европа на Континенталниот Куп на атлетика што се одржа во Сплит, Хрватска.


Победничката серија започна во Охрид – Марјан Опреа

Опреа кој по двегодишна пауза поради операција на ногата во Охрид го направи својот камбек, беше сребрен на континеталниот собир во Барселона, а во Сплит во силна конкуренција со скок 17.29 го освои првото место.

Бев трет пред мојот одлучувачки скок, сакав да направм чекор по напред и за моја среќа успеав – рече Опреа кој за победата во Сплит, кешираше 30 илјади долари.

Опреа (28) кој годинава бележи значителни успеси, најави дека и наредната година ќе дојде во Охрид, да настапи на атлетскиот митинг.

Европските атлетичари триумфираа со 429 бода пред американските кои освоија 419. Трета беше Африка со 292 бода.

М.П.