Охриѓани со зимското капење денеска на пладне во месноста Сараиште ќе ја продолжат традицијата која некогаш ја започнале рибарите.
Многумина овој ден го нарекуваат и Ден на рибарите, кои на овој ден се капеле за здравје, среќа и добар улов во новата година. Дел пак постари охриѓани велат дека на овој ден скришно се фрлал крстот за да се одбележат Водици во периодот кога верата била забранета.
Како и да е, традицијата продолжува и денеска кога во Охридското Езеро за здравје ќе се искапат сите досегашни фаќачи на крстот, тајфите кои скокаа по чесниот крст и многу други граѓани. Нив ќе им се придружат градоначалникот на Охрид Александар Петрески и евроамбасадорот Ерван Фуере.
Г. Момироски
прочитај:
Багдатис пеел навредливи песни против Македонија