Интересно беше на денот на независноста на градскиот плоштад. Стотина мотористи од Македонија и други земји (Србија, Литванија, Бугарија итн.) дефилираа со своите љубимци и го забавуваа насобраниот народ.

На пропатување низ Охрид како дел од традиционалното рели низ Македонија што АМСМ го организира по повод независноста на Републиката, искрените вљубеници во овие возила и спорт имаа што да покажат. Од јапонските снагатори и брзи мотори („Хонда“, „Сузуки“ итн.) до легендарните и преубави „Триумф“ и „Харли“.


Учесниците во релито тргнаа на 6. септември од Скопје, па преку повеќе градови од Македонија пак се враќаат денес во главниот град.

С. Костоски