Денес на програмата на фестивалот Охридско лето е настапот на Младинскиот камерен оркестар на Музичка младина на Македонија под диригентската палка на Саша Николовски-Ѓумар. Како солист ќе настапи Кох Габриел Камеда од Германија.


Камерниот Оркестар го претставува првиот сегмент од Летниот музички камп на Музичка младина на Македонија, почнувајќи од 1986 година со масивен проект составен од 150 музичари, хор, диригенти и асистент диригенти, педагози, чиј што завршен концерт заземал место на фестивалот Охридско лето. Од 1997 година, камерниот оркестар е основан да негува репертоар на камерна музика. Традиционално оркестарот настапува секоја година на фестивалот Охридско лето на втори август, најголемиот македонски национален празник.

Кох Габриел Камеда е препознаван од меѓународната публика, критика и колеги како еден од водечките уметници на следната генерација. Камеда е добитник на награди на бројни национални и меѓународни натпревари, меѓу кои и меѓународниот натпревар за виолинисти Хајнрик Шеринг.

Ohridnews