Наместо од 12 до 14 септември, како што беше првично најавено, традиционалната Меѓународна регата во кајак на мирни води на Охридското Езеро ќе се одржи од 26 – 28 септември. Причина за пролонгирањето се веќе закажаните настапи на националните првенства на дел од учесниците на регатата.
Организатор на регатата која годинава се одржува по 14 пат, е кајак кану клубот „Стрмец“ од Охрид, кој слави 70 години од основањето.
На регатата учество ќе земат кајакари од повеќе земји од соседството. Натпреварите ќе се одржуваат на кејот, на потегот од х. Палас до х. Милениум. Сите трки ќе бидат на 500 метри, а во чест на ветераите на КК „Стрмец“ низ кој во минатото продефилирале многу шампиони, ќе се одржи една маратонска трка на 2000 метри.
OhridNews