Во петок од 12 часот во КИЦ „Култура 365“, традиционално со беседа ќе се одбележи роденденот на холандскиот писател, новинар, скитник и вљубеник во Македонија, А. ден Долард.
За ликот и делото на најголемиот холандски „амбасадор“ на Македонија, ќе говори писателот Мишо Јузмески, кој пред неколку години ја издаде книгата посветена на овој деец, насловена „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“.
Инаку, А. ден Долард повеќе од половина век активно се занимавал со истражување на Балканот, трошејќи го целокупниот свој интелектуален капацитет за промоција на Охрид во Холандија. Во 5 книги од неговото богато книжевно творештво, Охрид и Македонија се неговата директна инспирација.
OhridNews