Утре во Домот на култура во Вевчани со почеток од 18 и 20 часот, Културно уметничкото друштво „Дримкол“ традиционално како и секоја година ќе оддржи новогодишен концерт.
„Особена чест и задоволство е кога на својата најдрага публика-вевчанската, можеш да и пружиш 90-минутно уживање кое во себе го соддржи она автентичното, вредното, соддржи енергија, дух кој сплотува, обединува. Во исто време концертот за нас значи и голема одговорснот, бидејќи не е лесно да презентираш програма пред вевчанци, публика која има стандарди и јасно изграден вкус кога е во прашање културата и уметноста.“ – велат организаторите.
Темата на овогодинешниот концерт се празничните обреди, песни и игри од Вевчани, а во овој проект учествуваат над 100 уметници, членови на сите ансамбли на друштвото, пеачката група, народниот оркестар и патувачкиот театар.
„Тема која што го опфаќа целиот годишен циклус празници кои се слават во Вевчани, а во себе го содржат фолклорот. Се започнува со празникот Богојавление – Водици како прв празник во Новата година, нашата Православната и се завршува со Св. Васиља, со која пак се дочекува Новата година – православната. Со енергијата на сите тие ентузијасти вљубеници и почитувачи на вевчанската традиција ќе се обидеме да допреме до вевчанското, традиционалното, изворното и за момент подзаборавеното културно наследство.“ – потенцираат од КУД, „Дримкол,“ – Вевчани.
OhridNews