Вечерва со нас се и членовите на Здружението на глуви лица од Охрид, штитениците на Дневниот Центар за лица со интелектуална попреченост „Порака“ и членовите на Здружението на деца со детска парализа. На сите нив ЛК Охрид, по завршувањето на концертот, ќе им подари новогодишни пакетчиња во холот на Домот на Културата.
Од оваа година, по 10 годишно функционирање на лајонс движењето, Македонија прерасна во самостоен Дистрикт Д-132 во рамките на Лионс Интернатионал. Уште едно признание за позитивните резултати кои лавовите ги покажуваат беше и посетата на Интернационалниот Претседател на Лајонс Организацијата, Г-динот Махендра Амарасурија. Од тогаш се поставија и темелите на Дистриктот Македонија во светската Лајонс организација – како една од ретките кои ја признаваат нашата држава под уставното име.