Активот на спортски педагози од основните и средните училишта од Општина Охрид и оваа година по 19-ти пат традиционално по завршување на учебната година изминатиот викенд реализираа тура „Трпејчко поле 2017 година“.

Како во изминатите години така и оваа година активно учество имаа дваесетина професори по ФЗО и ССА. Овој настан го реализираме со цел да се поттикнат младите да ја зачуваат животната средина ,физичката активност, социјализација , дружењето и многу други општествено корисни активности кои младите се помалку ги практикуваат. И покрај лошите временски услови на овогодишната тура беа реализирани повеќе активности.

Фотогалерија:

OhridNews