Скокот на браќата Лотески во студените езерските води со децении е заштитен знак на одбележувањето на празникот Водици во Охрид.
Јован и Климе и оваа година ја продолжија традицијата.
Со одела тие скокнаа во студените езерски води од градското пристаниште, продолжувајќи го овој несекојдневен ритуал.
Покрај Лотески, на овој ден за здравје се капат многу охриѓани, на разни локации на брегот на осветеното езеро.
Г.М
Фото: Емил Јовановиќ