По повод празникот Св. Наум Охридски зимски, бродовите Александрија на 5 јануари, петок, ќе пловат до истоимениот манастир по симболична цена од 250 денари за повратен билет.
Поаѓањето од Охрид за Св. Наум во петок, е во 8 часот од Градското пристаниште, а од Пештани во 8:30 часот.
Билети ќе се продаваат на 4 јануари, четврток, на брод Александрија на пристаниште, а во Пештани во продавницата средсело.
Г.М.