Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот „Св.Климент“, и оваа година ќе се реализира во ООУ „Св.Климент Охридски“ во спортската сала.
Акцијата, како што информира Црвен крст Охрид ќе се одвива во два дена, 8 август, четврток, во периодот од 19-24 ч. и на 9 август, петок, во периодот од 9-13 ч.
Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период од годината, за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид, нека биде мотив за сите хумани наши сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа традиционална крводарителска акција, стои во повикот на Црвен крст Охрид.
Г.М.