Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св.Климент, и оваа година ќе се реализира во ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид, на 8 август (четврток) во периодот од 19-24 часот. Крводарителска акција ќе се одржи и на 9 август (петок) во периодот од 9-13 часот.
Се покануват хуманите сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа крводарителска акција.
OhridNews