Денес од 19:24 ч. и утре од 9:13 ч. хуманите наши сограѓани и гости ќе можат да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на традиционалната крводарителска акција „Плаошник 2020“ што во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира во спортската сала на ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид.
Дарувањето крв на оваа крводарителската акција ќе се одвива според сите потребни протоколи и мерки за заштита од Ковид-19, информира Црвен крст Охрид, организатор на акцијата.
Г.М.