На отворениот ден што го организира НП Галичица под мотото „Национален парк Галичица и пријателите поблиску до вас“ посетителите ќе имаат можност да уживаат во традициoнално подготвена храна проткаена со древните рецепти и приказни за нераскинливата поврзаност на природата и традиционалниот начин на живот информираат од установата.
На 23-ти мај во Инфо центарот на Национален парк Галичица во Охрид, ќе имате можност да се запознаете со некои подзаборавени традицонално подготвени специјалитети вешто направени од рацете на Пирустија Неданоски и Рурални жени од Преспа, велат.
Покрај традиционалната храна, предвидена е и промоција на сите туристички вршители на дејност кои своите активности ги спроведуваат на територијата на паркот, запознавање со природните и културните вредности на НП Галичица, запознавање со правилата на однесување во НП Галичица, дозволените и забранетите активности во различните зони, како и интеракција со заинтересираните страни, разговори, дискусија и прибирање на идеи и предлози кои се значајни за долгорочен развој и зачувување на вредностите.
Настанот почнува во 10 часот и ќе трае до 18 часот во инфо центарот на Галичица.
OhridNews