Традицијата на одржувањето на Атлетскиот маратон во Охрид ќе продолжи и оваа година, откако Здружението кое го организира го најави 33-то издание на еден од најстарите спортски настани во нашиот град.

Маратонот од Свети Наум до Охрид кој е во должина од 30 километри се одржува на 8 септември по повод Независноста на Република Македонија. На почетоците маратонот во Охрид се организирал на 7 ноември по повод ослободувањето на град Охрид, а датумот е сменат во 2004 година.

Организаторите претходниве години вметнаа неколку новитети со што го кренаа за неколку скалила квалитетот на маратонот. 32-то издание беше емитувано во живо, а по втор се одржа „Независната трка“ на пет километри.

Интервјуто и припрема на Игор Јакимовски за Интернационалниот Охридски Атлетски Маратон

Проследете го интервјуто и тренингот на Игор Јакимовски за Интернационалниот Охридски Атлетски Маратон.

Geplaatst door International Athletic Marathon OHRID op Woensdag 22 mei 2019

Пријавувањето за учество на маратонот е во тек и може да се направи на страната Iamo.mk.  Организаторите во следниов период ќе излезат во јавност и ќе ги соопштат сите детали околу 33-то издание.

OhridNews