На 2 август, традиционално по 39.пат во водите на Охридското езеро во организација на Пливачкиот клуб Охридски Бранови, а под покровителство на Советот на Општина Охрид ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон.

Натпреварувачите на Илинденскиот пливачки маратон се поделени во две возрасни категории од 10 до 16 години и од 16 години и постари.  На стартот од 39-то издание на Илинденскиот пливачки маратон ќе се појават 50-тина пливачи од Македонија и странство.

Почетокот на „малиот маратон“ долг 2.5 километри е пред Хотелот Парк во 10 часот и 30 минути, додека финишот е на Градското пристаниште.

Илинденскиот пливачки маратон ќе биде најава за пливачките возбудувања, кои, не очекуваат во месец август.

OhridNews