Во тек се последните подготовки за претстојниот „Охрид-фест“: Песните се готови, пејачите во топ форма, сцената на Долни Сарај стокмена за промоција на новите фолк композиции, вели организаторот.

 

Музичкиот летен фестивал, „Охрид- фест 2020“, годинава почнува на 11 септември. Традицијата долга 27 години ќе продолжи само со  Фолк- вечер.

Годинава, поради неизвесноста предизвикана со пандемијата на Ковид- 19, нема да  се одржат Интернационалната и поп вечерта, и покрај големиот интерес на популарните имиња од Балканот, и 15 телевизиски куќи од Бугарија, Албанија, Србија, Турција, Словенија.., кои континуирано го пренесуваа фестивалот. Сепак, не очекува прекрасна фолк- вечер, на најубавата сцена на Балканот, каде ќе настапат- Анита Бошкова, Гордана Микиќ, Мишко Микеле Србиноски, Зоран Христов, Милован Секулоски и Позитив бенд, Јуле Николовска, Методија Столески, Јовица Мицевски Бамбус, Добрила Чабриќ, Анета Арсовска, Катерина Брезева и Соната, Нино Величковски, Баже Груевски, Ирена Спасовска, Скопски боеми, Ибро Лабунски, Петар Нечовски, Барбара, Благица Павловска…, се на се, ќе слушнеме 19 композиции, што гледачите можат да го проследат преку директниот пренос на МТВ во 20,15ч. – соопшти организаторот.

Водителката на „Охрид-фест“ ќе биде Каролина Петковска, во ревијалниот дел ќе настапи Перо Христов, а наградата за промоција на музиката на Балканските простори му припадна на Ненад Нинчевиќ од „Тути фрути“ бенд.

Годинава и гласањето е поинакво, топ листата на наградените ќе ја креираат гласовите на публиката од радијата.

OhridNews