Репрезентативецот на Македонија, Александар Трајковски се запиша во листата на стрелци на дуелот помеѓу неговата Мајорка и Фуенлабрада, во рамките од Купот на Шпанија. Македонецот со одмерен удар во 11-та минута од натпреварот го отвори резултатот. Сепак, погодокот на Трајковски не беше доволен, бидејќи Мајорка прими гол во второто полувреме, а по изведување на пеналите отпадна од „кралскиот“ Куп. За За македонскиот репрезентативец ова е прв гол во шпанскиот клуб, после трансферот од Палермо во 2019 година.
Погодокот на Трајковски
OhridNews