Новиот капитен на македонската кошаркарска репрезентација, Бојан Трајковски кој е на местото на Војдан Стојановски, во овој претквалификациски циклус, не прифаќа никакви изговори кога станува збор за успехот во претстојните дуели со Швајцарија и Словачка, вели дека иако е период на подмладување на репрезентацијата имало период на подготовки, но помал број на контролни натпревари, односно само два против Црна Гора и два меѓу репрезентацијата.

И покрај се, одиме на победа, почнувајќи од дуелот против Швајцарија, па потоа и во следните три дуели од овој претквалификациски циклус. Сега секој секого може да победи. Го видовме тоа и во минатите квалификации за Европското првенство. Ако не извадиме максимум од нас, може да ни се случи некој разочарувачки резултат и затоа добро се подготвувавме овие денови.Што се однесува до помладите кошаркари, кажав веќе еднаш дека се ветер в грб за нас и ни даваат елан со нивната енергија. Заедно треба да го оствариме тој добар резултат кој во иднина ќе биде многу важен за нив, порача Трајковски пред почетокот на турнирот во Скопје.

Македонските кошаркари вечер од 19 часот ќе се соочат со Швајцарија во првиот натпер од претквалификациите за Мундобаскет 2.

 

OhridNews