Фудбалерите Александар Трајковски и Енис Барди, како и селекторот Благоја Милевски добија дипломатски пасоши од страна на Министерството за надворешни работи.
Тие денес се најважните наши амбасадори и го заслужуваат дипломатскиот пасош како одбележје за нивните успеси. Им посакувам успех и на средбата со Португалија, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Османи додаде дека поводот за оваа одлука е историскиот гол и големата победа над Италија.
Министерсот за надворешни работи денеска оствари и кратка средба со репрезентативните херои, кои во вторник во Порто ќе истрчаат на мегдан со Португалија во финалниот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство во Катар.
ОhridNews