Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид информира дека стои на располагање на сите институции, училишта, објекти… , се со цел реалистично увежбување на плановите за евакуација, давање на совети и препораки.
Воедно велат дека регионот кој го опслужуваат е поделен на два дела: загрозеност на градот и населените места и загрозеност на шумите, посочувајќи ги недостатоците.
Тешко пристапни улици, збиена архитектура, несоодветна и нефункционална хидрантска мрежа во стариот дел од градот, градежна експанзија, тешко пристапни локации и патишта, нефункционална внатрешна хидрантска мрежа во колективните станбени објекти, градби без пп скали за евакуација… во централно градско подрачје, но и ограничениот пристап до одредени населени места, намалување на брзината на дејствување поради далечината, зголемена можност од шумски пожари… кога станува збор за населените места и периферијата, потенцираат.
Апелираат дека секој од нас треба да биде совесен и одговорен.
OhridNews