Профсионалната територијална противпожарна единица Охрид остро реагира на зачестените пожари на отворен простор кои ги уништуваат природните богатства. По пожарот во Дебрца неодамна, кога намерно беше запалена шума, охридските пожарникари вчера се бореа со пожар во трската кај кампот „Андон Дуков“, за кој исто така сметаат дека е причинет од човечки фактор. Тие бараат помош од граѓаните во борбата со подметнувачите на пожари кои ја уништуваат природата.

Во текот на вчерашниот ден ТППЕ Охрид беше активирана на опожарување на отворен простор (трска, сува трева, овоштарници) на потегот од Автокамп „Андон Дуков“ до с. Подмоље. Ваквите очигледно намерни потпалувања од страна на несовесните граѓани треба најстрого да се санкционираат. ТППЕ Охрид упатува апел до граѓаните секое зачадување благовремено да го пријават до надлежните институции, се со цел навремено реагирање и откривање на сторителите, стои во јавната објава на ТППЕ Охрид.

Охридските пожарникари уште потсетуваат дека палењето на отворен простор е строго забрането и казниво со закон.

Г.М.
Фото: Архива