Повреденото лице во денешната несреќа при пад од карпа кај хотел „Десарет“ во Пештани е лоцирано и безбедно транспортирано за понатамошно лекување, информираат од Територијалната противпожарна единица Охрид.

Интервентната екипа на ТППЕ Охрид изврши извлекување на повреден турист паднат во амбис во близина на х. „Десарет“. Повреденото лице е лоцирано и безбедно е транспортирано на пловен објект за понатамошно лекување, велат од ТППЕ Охрид.

Регионалниот ЦУК Охрид појаснува дека после пладне на единствениот повикувачки број за итни повици 112 било пријавено од Итна медицинска помош од Охрид дека во близина на хотел „Десарет“ во Охрид, лице (странски државјанин) паднало во непристапен терен и од паѓањето се здобило со телесни повреди, по што била повикана итнатата медицинска помош.

Заради непристапнапноста на теренот медицинската екипа не можела да интервенира, па од ЦУК беа известени пожарникарите од ТППЕ Охрид, полицајците од СВР Охрид и Планинарска спасителна служба Патагонија од Охрид. Екипата од ТППЕ Охрид со 1 ПП возло и 3 пожарникари интервенирале, при што лицето било извлечено од местото на настанот, па е префрлено во полициски глисер и преку езеро било пренесено до возилото на Итна медицинска помош, а потоа во болница во Охрид на понатамошен третман, додаваат од ЦУК.

Како што претходно информиравме неофицијално се работи за државјанин на Холандија кој при пад од карпа се здобил со скршеница на долни екстремитети.

Причините за падот од карпата сеуште не се познати.

OhridNews

фото. ТППЕ Охрид