Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид утрово по примената дојава за излетано возило во река, кај с.Ботун, Општина Дебрца интервенирала со едно возило и пет пожарникари.

Екипата на местото на несреќата затекнала превртен автомобил во река. Автомобилот со патниците е извлечен од реката, меѓутоа кај двете лица не се забележуваат знаци на живот. Упатуваме апел до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни кога управуваат моторни возила, да ја следат патната сигнализација и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот, велат од ТППЕ Охрид.

Според информациите на СВР Охрид сообраќајната несреќа се случи утрово во 7.30 часот кога патничко возило изгубило контрола и излетало од коловозот на патниот правец Охрид – Кичево кај селото Ботун. Во несреќата две лица ги загубија животите.

Н.С.Ј.

фото. ТППЕ Охрид