Порталот додава дека од почетокот на летната туристичка сезона „во медиумите под контрола на владеачката ВМРО -ДПМНЕ се појавуваат извештаи од Охрид во кои најпознатото туристичко место во Македонија се прикажува како прескапо легло на криминал, неписменост и Содома и Гомора“.
Според авторот на текстот, во некои провладини македонски медиуми се пишува дека забавите на Охридското крајбрежје, без оглед на тоа каква музика свири се преполни со лош екстази кој, полицијата се заканува дека масовно ќе го заплени.
Ноќевањето во охридските хотели, според истиот извор, годинава екстремно поскапело, како и кафето и освежителните пијалоци, што се служат на плажите и во кафулињата. Притоа домашните туристички работници ги плаќаат вработените на црно и одбиваат да платат данок, поради што даночните инспектори секојдневно се на плажите
Во текстот се наведува дека локалната власт во Охрид тврди дека владеачката партија врши пропаганда бидејќи во градот на власт е најголемата опозициска партија СДСМ.
Ваквото тврдење го поткрепува со фактот дека за време на инспекторскиот поход долж охридското крајбрежје, казни им се изречени на членови на семејствата на припадниците на локалната власт, кои се обвинети за илегален семеен бизнис, пишува порталот.
Порталот додава и дека градоначалникот на Охрид, Алкесандар Петрески во својата колумна во дневен весник „ироночно ги повикува гласачите на ВМРО- ДПМНЕ“ да ја поддржат домашната економија и да дојдат во Охрид, бидејќи и така 90 отсто од приходите на локалната власт се слеваат во државната каса која ја контролира владеачката партија“.
„Од друга страна, оние кои не се оптоварени со политички прашања ја критикуваат ориентацијата на локалната власт кон масовниот туризам, турбо фолкот кој ечи од секоја дискотека, пивските фестивали на кои главни ѕвезди се Рибља Чорба и Дејвид Гета кои би требале урбаните туристи да ги стават во ист кош“, пишува на крајот во текстот објавен на tportal.hr/.
извор: „Макфакс“